Wednesday, February 20, 2019

Час 41,42.  Штедење на енергија 1,2

 
Истражувај за производството на електрична енергија  во нашата земја


Погледни како работат термоелектраните

Погледни како работат хидроелектраните

Погледни како работат ветерните турбини
https://www.youtube.com/watch?time_continue=47&v=tKVy7gprXWE

Wednesday, February 13, 2019

Намали, повторно употреби, рециклирај !


Како да го намалиме количетвото отпад кое го создаваме , а завршува  на депониите?
Трите начини на кои можеме то да го направиме се дадени подолу!

1.Најдобрро би било да се намали  количеството отпад со тоа што ќе намалиме со купувањето. Како?
-да не купуваме повеќе помали пакувања ,туку едно поголемо пакување;
-да носиме платнена торба за пазарување, а не да купуваме најлонски кеси;
-да не купуваме прехрамбени производи во количества кои се премногу за наши потреби па потоа вишокот да заврши како отпад итн
 
2.Друг начин на намалување на отпадот е преку повторна употреба – повторно користење на предметот со што нема да има потреба  предмети  да се преработат фабрички во нови предмети. Кои се тие предмети што можеме повторно да ги употребуваме?
-од пластични шишиња може да се направат предмети како саксии,кутија за моливи,касичка  пари,вазни итн
-стари автомобилски гуми можат да се употребат како саксии
-искористени палети можат да се употребат за равење на мебел и огради  итн


3.Селекција ,собирање и рециклирање ,  а може и со разделување на предметот на составните делови и правење одново на нов предмет. Што можеме да рециклираме?
-Хартија,метал,пластика,стакло,органски отпад,електронски отпад,текстил

РЕЦИКЛИРАЊЕ Е СОБИРАЊЕ ,ПРЕРАБОТКА И ПОВТОРНА УПОТРЕБА  НА ВЕЌЕ КОРИСТЕНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ.
Знакот за рециклирање има три стрелки од кои едната значи собирање,другата преработкa, а третата повторна употреба н матеијалите
Picture
Која  е придобивката од рециклирањето?

1.Се намалуваат депониите
2.Се намалува потрошувачката на енергија
3.Се намалува потрошувачката на нови суровини
4.Се намалува загадувањето на природата

ЕКОСИСТЕМИ